X
 15.07.2015 Наука

Што може Плутон да открие зa нашата планета

9 и пол години откако беше лансиран во вселената, вселенското летало на НАСА беше првото кое леташе близу џуџестата планета Плутон. Леталото „Нови Хоризонти“ го направи првиот најблизок пристап вчера, доаѓајќи 12.500 километри близу површината на Плутон.

 

pluton


Дури и 7.5 милијарди километри оддалечено, историската мисија би можела да им помогне на научниците да дознаат повеќе за планетата Земја затоа што проучувањето на другите предмети во сончевиот систем може да обезбеди информации за историјата на Земјата. Што друго истражувачите би можеле да дознаат повеќе за Земјата преку проучувањето на џуџестата планета Плутон.

1. Како се формирала Земјата

Земјата и другите планети во овој сончев систем биле родени откако еден куп помали објекти удриле едни во други. Всушност, на почетокот на историјата на Земјата, објект со големина на Марс речиси ја уништил Земјата. Парчињата од тој удар на крајот се соединиле во Месечината која ја гледаме денес.

Пред околу 4 милијарди години, внатрешниот Сончев систем билијард зона, делумно поради силната гравитација на Јупитер која привлекувала астероиди и комети. Во регионот на вселената кадешто се наоѓа Плутон, наречен Кајперовиот појас, ледените и карпестите предмети имаат релативно тивка средина. Тоа значи дека Плутон нуди одлични докази за тоа како порано изгледал сончевиот систем.

2. Од каде дошла водата на Земјата

Минатата година, научниците откриле дека водата од кометите можеби не дошле во допир со Земјата со молекули за создавање на живот, како претходно што се мислело. Набљудувањата од вселенското летало Европска Розета покажа различен тип на вода на Кометата 67R/Чурумов-Герамисенко. Молекулите на вода се разликувале од молекулите на Земјата, според едно истражување направено во декември 2014 година.

Постојат многу предмети во Сончевиот систем кои се замрзнати вклучувајќи ги месечините, џуџестите планети и делови од планетата Марс. Возможно е да постои мраз и на Плутон. Испитувањето на мразот може да им помогне на истражувачите да ги насочат теориите за тоа како водата се проширила низ Сончевиот систем.

3. Како започнал животот на Земјата

Животот на земјата е полн со јаглерод. Ова е причината зошто потенцијалот за откривање на молекули базирани на јаглерод и во другите делови на Сончевиот систем е толку возбудлива перспектива.

Дали постојат органски материи дури и на ледениот, непријателски ПЛутон? Постојат некои причини кои велат дека има, со оглед на тоа што биле пронајдени слични непријателски средини за живот како што се Меркур и Кометата 67R/Чурумов-Герамисенко. Пронаоѓањето на органски материи, па дури и нивно непронаоѓање може да им даде на научниците подобра идеја за тоа како животот настанал на Земјата.

4. Атмосферската структура на Земјата

Плутон има бизарна атмосфера. Гравитацијата на џуџестата планета е толку ниска што атмосферата се протека многу повисоко отколку атмосферата на Земјата. Некои научници мислат дека атмосферата на џуџестата планета паднала на површината кога на Плутон било постудено. Бидејќи орбитата на Плутон е поблиску до сонцето, гасовите во атмосферата се вжештуваат и прошируваат.

Со проучувањето на атмосферата на другите световии, астрономите ќе можат да дознаат повеќе за тоа како истите процеси функционираат на Земјата.

5. Како сонцето влијае врз Земјата

Животот на Земјата нема да опстане долго време без сонцето. Поголемиот дел од топлината на Земјата доаѓа од нејзиниот најблизок сосед. Сонцето дури има ефекти и високо во атмосферата, како што е соларниот гас (наречен коронално масовно исфрлање) кон Земјата со што ги „возбудува“ молекулите во неговата атмосфера, предизвикувајќи зачудувачки аурори (познати како северна и јужна светлина).

Научниците се заинтересирани да видат како сонцето комуницира со атмосферите преку Сончевиот систем, вклучително и на Плутон. Овие набљудувања ќе им помогнат на научниците подобро да ги предвидат ефектите на интензивната поларна активност, почнувајќи од она што се случува после соларен одблесок па се` до тоа како сонцето влијае врз климата на Земјата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука