X
 04.04.2018 Наука

Телескопот „Хабл“ забележал ѕвезда на „невозможна“ далечина

ѕвезда
Фото: NASA

Телескопот „Хабл“ на НАСА забележал ѕвезда оддалечена 9 милијарди светлосни години од Земјата. Научниците на НАСА, во текот на истражувањето на супернова, забележале светлина за која отпосле заклучиле дека е посебна ѕвезда.

Научниците откриле дека станува збор за најоддалечената поединечна ѕвезда некогаш уочена. Обично е невозможно да се забележи ѕвезда оддалечена 100 милиони светлосни години, дури и со користење на најсилниот телескоп.

Научниците истакнуваат дека е возможно да се видат доста оддалечени галаксии и супернови, но откритието на изолирана ѕвезда на таква голема оддалеченост е единствено. Научниот тим го предводел Патрик Кели, астроном од Универзитетот во Минесота.

„Можете да видите поединечни галаксии, но оваа ѕвезда е барем 100 пати пооддалечена од следните поединечни ѕвезди што можеме да ги анализираме“, изјавил Кели.

Овој суперџин бил наречен „Икар“, по истоимениот лик од грчката митологија. Според легендата, неговите крилја се стопиле бидејќи премногу се доближил до сонцето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука