X
 20.07.2015 Наука

Прва фотографија од другата страна на Сонцето

Фотографијата која ја гледате подолу била направена на 15 јули годинава со специјална камера на вселенското летало на НАСА кое е испратено кон Сонцето.


Ова летало прави фотографии со светлина на повеќе бранови должини кои се невидливи за човековото око. На оваа фотографија, Сонцето се гледа во 171 ангстроми, што обично е обоено во сина боја.

Вселенското летало испратено од НАСА наречено СТЕРЕО-А се наоѓа на поодалечената страна од Сонцето од 24 март годинава. Првите фотографии кои НАСА ги примила од леталото од пристигнувањето биле добиени на 11 јули.

Вселенското летало кружи околу Сонцето исто како и Земјата, но во малку помала и побрза орбита за да се најде од другата страна на Сонцето наместо од онаа која ни е видлива нам.

СТЕРЕО-А е третата мисија во рамките на програмата за соларни мисии на НАСА. Мисијата започнала во октомври 2006 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука