X
 31.07.2015 Технологија

Како можете бесплатно да добиете автомобил на "Тесла"?


Корпорацијата „Тесла“ најави наградна програма во која бесплатно ќе додели „Модел Х“. Условите за добивање на бесплатниот автомобил се многу тешки. Компанијата ветува дека првата личност која во секој од регионите во кои се продава автомобилот ќе доведе нов купувач ќе добие бесплатен примерок. Значи, ќе бидат доделени 30 автомобили.

Наградната игра има и друа опција, со која секој сопственик на „Тесла“ има право на награда од 1.000 долари доколку до 31 октомври доведе купувач на „Модел С“. Овие долари се во облик на ваучер за идно купување автомобил, опрема или за сервис.

Исто така, клиентите кои ќе доведат пет нови купувачи добиваат покана за гала отварањето на „Гигафабриката“ на компанијата во Невада, закажана за наредната година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија