X
 09.09.2015 Економија

Може ли да се пензионираме на 48 години?

Начинот на живот, неизвесноста на зачувување на постојното работнотo место, притисоците за постигнување на се подобри резултати без разлика дали се од шефот, директорот или газдата се само дел од факторите кои се почесто не тераат да размислуваме на темата, има ли реална опција што поскоро да го скратиме работниот век, а притоа да обезбедиме пристојна егзистенција за време на пензионерските денови.



Дополнителен проблем е што пензискиот систем веќе одамна ги покажа своите слабости и се поизвесно е дека истиот е неодржлив на долг рок. Тоа значи дека, денешните лекари , учители, бизнисмени , административци… , кога ќе дојде време да се пензионираат и да го добијат заработеното во вид на пензија ќе се соочат со проблем, од проста причина што моделот на постојниот пензиски систем веќе е нефункционален. Имено, државниот пензиски фонд го полнат се помал број на млади луѓе, а го празнат се поголем број на стари лица. И како последица на овој тренд условите за користење на правото на пензија од година во година се влошуваат и речиси е се понеизвесно кои ќе биде следните дефинирани услови за стекнување на правото за пензија.

Алармот по ова прашање го запалија и меѓународните финансиски организации

Сите препораки на светската банка за стабилизирање на пензиските фондови водат кон зголемување на старосната граница за пензија. Веќе е очигледно дека доаѓа времето кога треба да се соочиме со вистината колку и таа да не ни се допаѓа.

И не случајно, изминативе години македонскиот граѓанин прилично свесно започна да зборува за доброволното штедење и вложувањето во сопствена пензија. Веќе не е табу темата дека за скромен приход во пензионерските денови треба да се погрижиме сами. Но, имајќи ја во предвит сериозноста на проблемот и фактот дека пензијата е единствениот извор на приход во старост, време е гласно да проговориме на оваа тема.

Можеме ли нашата денешна активност и работоспособност да ја насочиме во правец да биде нашето решение за проблемот кој нема да ни го реши никој освен самите ние…?

За сериозноста на овој проблем говори и фактот што на финансискиот пазар во Македонија веќе среќаваме неколку финансиски инструменти кои овозможуваат штедење за мирна старост. Потребата од безбеден начин на штедење кој гарантира сигурност и добивка ги насочува македонските граѓани се повеќе се одлучуваат за вложување во животно осигурување како решение за финансиски сигурни пензионерски денови.

Полисата за животното осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума заедно со дотогаш припишаната добивка. Доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемени за вкалкулираната камата која е моментално поголема од каматната стапка на девизните депозити во банките, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишува осигурителната Компанија.



Имајќи предвид дека воспоставениот пензиски систем е неодржлив на долг рок, полисата за животно осигурување е вистински одговор во што треба да се штеди за мирна старост. 

„Издвојувам околу 100 евра месечно вложувајќи во животно осигурување кое ми грантира исплата на осигурена сума и добивка од речиси 36.000,00 евра. Овие средства можам да ги подигнам во целост на моја 48 годишна возраст или да ми бидат исплаќани во вид на месечна пензиска рента“ вели Лидија А. (25) која веќе две години како вложува во животно осигурување и вели дека со вложување во животно осигурување може да се пензионира на 48 години. 

Лидија додава дека како мошне млад корисник имала и дополнителни поволности што било уште една причина да не размислува дека пензионерските денови се далеку. 

Само минатата година во Македонија биле уплатени речиси 14 милиони евра премија за животно осигурување, а издадени вклупно 9255 полиси. Македонскиот граѓанин се повеќе ја согледува корисноста на полисата за животно осигурување. Се повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици. 

Водечката осигурителна компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, оваа година ги започна и првите исплати на осигурени суми кон осигурениците кои склучиле полиса пред точно 10 години. Имајќи го предвид самиот концепт на животно осигурување кое подразбира повраток на сите вложени средства по истекот на осигурувањето заедно со пропишана добивка, од Компанијата велат дека оваа година ќе исплатат осигурени суми кон првите осигуреници во износ со половина милион евра. 


Регистрирајте се за да се информирате подетално за придобивките од животно осигурување

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија