X
 22.09.2025 Економија

ДЗС: 2,6 % од претпријатијата во деловниот сектор се странски филијали кои ангажираат 22,8 % од вкупно вработените

Во 2023 година 1.783 или 2,6 % од претпријатијата во деловниот сектор во Македонија биле странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство, соопштија од Државниот завод за статистика.

Во соопштението е наведено дека странските филијали ангажираат 22,8 % од вкупно вработените и создаваат 34,6 % од вкупната бруто-додадена вредност.

- Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите преработувачка индустрија со 37,7 %, информации и комуникации со 17 % и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 12,2 % - наведуваат од ДЗС.

Оттаму додаваат дека странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 90,6 %, земјите членки на ЕУ контролираат 57,5 % од странските филијали, во кои се ангажирани 63,9 % од вработените и учествуваат со 64,2 % во додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 16,9 %, Холандија 11,2 %, Германија со 10,1 % и Обединетото Кралство со 9,1 %.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија