X
 11.12.2022 Живот

Најдобрите земји за пензионерите во 2022 година

Светското население старее. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) проценува дека до 2050 година, околу 30 отсто од населението во светот ќе има барем 65 години.

Некои земји се подобро подготвени од другите за да ги поддржат најстарите граѓани. Според анализа на „Вижуал капиталист“, Норвешка е најдобра земја за пензионерите во 2022.

Глобалниот индекс за пензионери го оценува животот на пензионерите во 44 земји, притоа земајќи предвид 18 фактори како здравје, квалитет на живот и финансии. На листата со најдобрите десет земји за пензионерите речиси сите држави се во Европа.

Во продолжение се 10. земји кои се најдобри за пензионерите во 2022 година

1. Норвешка
2. Швајцарија
3. Исланд
4. Ирска
5. Австралија
6. Нов Зеланд
7. Луксембург
8. Холандија
9. Данска
10. Чешка

Гледано по региони, Северна Америка е оценета како најдобра за пензионерите, по која следуваат Западна и Источна Европа и Централна Азија.

Извор: Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот