X
 09.09.2015 Живот

Времето денес и какво време не` очекува до крајот на неделата?

Во среда претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне зголемување на облачноста. Во попладневните часови се очекува и продор на влажна воздушна маса од југозапад, која ќе донесе врнежи од дожд. Попладне ќе ги зафати југозападните предели, а во вечерните часови ќе се прошири и во западните и северозападните предели.



Во текот на ноќта оваа влажна маса ќе ги зафати и останатите предели од државата условувајќи поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен јужен и југоисточен ветер, кој ќе достигне брзина до 20 км/ч. Утринските температури од 7 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 27 степени.

Во Скопје во среда умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди. Попладне зголемување на облачноста која во вечерните часови ќе услови поинтензивни врнежи од дожд. Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна температура до 24 степени.

Во четврток во Македонија ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен јужен и југоисточен ветер. Се очекуваат да наврнат од 30 до 40 литри дожд на метар квадратен, кои може да предизвикаат појава на поплави, затоа бидете многу претпазливи. Максималните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 11 до 22 степени.

Во петок умерено облачно со услови за локални врнежи од дожд и потопло со пораст на максималните температури кои ќе се движат од 16 до 26 степени.

Во деновите од викендот се очекува стабилно и многу потопло време. Утринските температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 5 до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 19 односно до 31 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот