X
 14.11.2016 Живот

Неделна временска прогноза



Денес е понеделник, 14 ноември 2016 година, 319-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:17, а ќе зајде во 16:18 часот. Денот ќе трае 10 часа и 01 минути.

Ова утро во Македонија имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено. Претежно сончево е во јужните и југоисточните предели.

МАКЕДОНИЈА – Денот ќе го започнуваме со студено време со утрински температури кои се под просекот за овој период и се движат од -4 до 4 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Максималните температури во опаѓање во однос на претходните денови и ќе достигнат до 2 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 8 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник умерено облачно со повремени сончеви периоди и студено време. Максималните температури од 2 до 12 степени. Во среда студено утро со утрински температури од -6 до 2 степени а во текот на денот претежно сончево и потопло време со дневни температури од 4 до 14 степени. Сончево и потопло време во четврток кога максималните температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени. Во петок претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста и идентични дневни температури кои ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот