X
 26.09.2015 Живот

Совршената работна позиција постои

Доколку мислите дека не постои работа во која може да работите на плажа, да патувате секогаш кога сакате, да имате тродневни викенди и да е одморите кога се чувствувате уморно, се лажете. Вака се работи во компанијата на Кристијан Мишлер.


Основачот на компанијата ги охрабрува своите вработени да излезат од канцеларијата, да го истражуваат светот и да работат од место по свој избор. Таков е и животот на претприемачот, кој минува 250 ноќи годишно во хотели.

- Луѓето немаат фиксни работни маси. Имаме 9 канцеларии, тие може да работат во една од тие, нивниот дом, плажа, каде што сакаат, сè додека добиваат резултати. - вели тој за медиумите.


Вработените кои работат за неговата апликација за патнички резервации, „Hotel Quickly“ ги одбираат своите работни часови. Тие може да работат навечер, за викенди, па дури и да работат само 4 дена неделно доколку ги завршиле сите обврски.

- Доколку некој е најефикасен во петок навечер меѓу 00.00 и 04.00 часот, тие треба да имаат дозвола за работа тогаш. Доколку некој е продуктивен, може да земе три слободни дена за да биде поефикасен. - дополнува тој.


Кристијан го вовел „работниот одмор“ откако забележал дека неговите вработени не биле целосно исклучени од интернетот додека патуваат. Така, тој им овозможил да работат и патуваат истовремено.


Сепак, покрај оваа номадска работна култура, Кристијан бара состаноци лице в лице. Во компанијата има и некои правила. Имено, јавната и ИТ службата мора да имаат вработени лица 24 часа дневно, а инженерите треба да работат како тим, па кога земаат одмор, тоа го прават групно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот