X
 10.10.2017 Живот

Како треба да изгледаат вашите паузи во текот на работното време?

одмор
Фото: iStock

Се чини дека целата планета е под стрес, преморена и премногу зафатена за да направи пауза. Меѓутоа, овој стил на работење и живеење не само што не е одржлив туку е и невозможен.

Во продолжение се дадени неколку совети потврдени од науката што можат да ви помогнат да ја зголемите вашата продуктивност и да ја зголемите вашата способност за фокусирање.

1. Тргнете се од екраните

„Скролањето“ низ социјалните мрежи не е добар начин за освежување на вашиот мозок. Наместо тоа, одлучете се за прошетка која ќе ве ослободи од стресот, ќе ја намали замореноста и ќе ви го зголеми расположението.

2. Социјализирајте се


Ова не значи дека треба да седнете и да разговарате со пријателите на социјалните мрежи.

Силните социјални врски на работа можат да ја зголемат вашата продуктивност и да ги направат вработените пострасни за нивната работа.

3. Правете пауза на секои 52 минути

Краткиот наплив на продуктивност е еден од најдобрите начини да ја завршите работата. Благодарение на анализата на 5,5 милиони работници од „Помодоро“, сега знаеме дека топ-10 отсто од работниците се сконцентрирани само 52 минути пред да направат пауза долга 17 минути.

4. „Нахранете го“ вашиот ум


Не со судоку или крстозбори - туку со храна. Вашиот мозок ги дава најдобрите резултати кога има соодветно ниво на глукоза во вашата крв. Истражување открива дека протеинот е најдобриот поттикнувач, како единствен макронутриент за подобрување на когнитивните способности подолго од 15-20 минути по варењето на храната.

5. Едноставно седете


Со едноставно седење и мечтаење се одмара и префронталниот кортекс (оној што се занимава со сите сложени процеси што ви се потребни за работење).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот