X
 23.10.2015 Живот

Што е најклучно за зачувување на среќниот брак?

Научниците велат дека треба да заборавите на скапи подароци и брачната терапија. Постои едноставен начин како да го подобрите вашиот брак, а тоа е да знаете да му кажете „фала“ на вашиот партнер.

 

sreken brak


Новото истражување покажа дека благодарноста и верувањето дека вашиот партнер ве цени, директно влијае врз тоа како во бракот се однесуваме и колку веруваме во него.

Експертите за брачни проблеми од универзитетот во Грузија запрашале 468 луѓе во брак, за нивните финансии, начинот на комуницирање и колку се благодарни кон партнерот. Тие утврдија дека благодарноста е клуч на стабилноста на бракот и предвидува колку некој ќе биде среќен во бракот.

Иако паровите можеби имаат потешкотии во другите подрачја, изразувањето на меѓусебна благодарност е позитивно за бракот и односите.

Ова е првото истражување кое го документира заштитниот ефект на чувството дека вашиот партнер ве цени. Благодарноста е доста важен начин на кој може да се зајакне бракот, особено ако партнерите не се вешти во комуникација.

Истражувањето ги поддржува резултатите на претходните истражувања кои се однесуваат на „барање/повлекување“ комуникација и како проблемите со парите можат да го уништат бракот. Овој вид на комуникација се јавува кога еден партнер бара, дава замерки или критикува додека другиот се повлекува избегнувајќи конфронтација.

Оваа интеракција често се појавува кај паровите и е поврзана воглавно со финансиските проблеми и помалите приходи. Кога паровите немаат доволно финансии, тие се склони кон критикување односно повлекување. Благодарноста може да го прекине овој процес.

Сите парови имаат расправии, особено кога се наоѓаат во стресни животни ситуации. Она што се разликува во браковите кои траат од другите не е поради тоа што ретко се караат, туку како се однесуваат еден меѓу друг секојдневно.

Кога паровите се вовлечени во негативни конфликти, изразувањето на благодарност и покажувањето дека ја цените личноста со која го делите животот може да амортизира негативни ефекти и да влијае врз стабилноста на бракот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот