X
 27.10.2015 Технологија

Интелигентниот систем кој ќе пребарува со вас на "Google"

„Google“ отсега ќе користи систем за вештачка интелигенција за најтешките пребарувања на корисниците.


Компанијата штотуку ги откри деталите за новиот систем за вештачка интелигенција наречен „Rank Brain“, кој пребарувачот ќе го користи за најтешките пребарувања.

Системот ќе користи „огромен дел“ од пребарувањата на „Google“. „Rank brain“ е способен за дешифрирање на 15% од фразите кои претходно не биле сретнати, известува „Блумберг“.

Од компанијата објаснуваат дека системот ќе прави претпоставки за зборовите и фразите кои не биле сретнати претходно и ќе принесува соодветни резултати.

Поврзано: Најголемата промена на „Google„ во последните 16 години:


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија