Пионерската политика за развој на вештачката интелигенција во Google денес станува се` поинтересна. Тие го објавија „TensorFlow“, новиот новиот систем за вештачка интелигенција која се користи од препознавање на говор во бучни средини до пронаоѓање на фотографии на интернет.
![гугл](/images/news/2015/11/20151111-veshtachkata-inteligencija-vo-google-denes-stanuva-se-pointeresna-m.png)
Станува збор за софтвер со отворен код на кој секој може да работи. Тензорите на повици се прават комплексни структури на податоци преку компјутерскиот нервен систем и овој процес овозможува учење со машина и се користи во многу производи на Google, од Search до Inbox. Google translate на пример, со ваква помош ги препознава странските зборови на фотографиите и ги преведува во реално време.
Google тврди дека новата програма е пет пати побрза од првата генерација и може да работи на илјадници компјутери или на еден паметен телефон. „TensorFlow“ е open source бидејќи Google сака да ја забрза иновацијата и да ги олесни размените на идеи и кодови.
Во моментов постои само една верзија која работи на еден уред, а верзијата со повеќе машини треба да стигне наскоро. Нема сите да бидат open-source, се делат само некои алгоритми кои работат на нивниот мотор.
„Знаеме од прва рака што „TensorFlow“ може и мислиме дека надвор од Google би имал уште поголемо влијание. Се надеваме дека заедницата која развива машинско учење, сите од академски истражувачи до инженери и хобисти, многу побрзо ќе разменуваат идеи преку кодовите, а не само преку научните трудови“, велат од Google.