X
 14.11.2015 Технологија

Како да ја зачувате приватноста на интернет според Едвард Сноуден?

Едвард Сноуден најчесто се поврзува на политика, но тој има и технолошка страна за која малкумина знаат. Ова е особено важно кога станува збор за приватноста на интернет, за која тој толку многу зборува последните години.


Во интервју за „The intercept“, Сноуден дели неколку совети кои секој може и треба да ги примени.

„Првиот чекор кој секој може да го направи е да ги шифрира телефонските повици и смс-пораките. Тоа може да се стори со апликацијата Signal. Бесплатна е, може да ја преземете веднаш“, вели тој.

Тој препорачува и шифрирање на тврдиот диск, како и користење програм за чување и создавање уникатни лозинки. Во поглед на приватноста и она што владите имаат право да знаат за нас, Сноуден вели дека „секој не треба да знае сè за нас. Фејсбук не треба да ги знае вашите сигурносни прашања. Идејата за споделување е ОК, но тоа треба да биде волонтерско и свесно. Треба да бидат работи кои се добри за луѓето со кои ги споделување, а ова не се нештата кои едноставно ви ги бараат“.


Интренетот е место кадешто постојано се краде од корисниците, според него. „Типичните методи на комуникација денес ве предаваат тивко, нечујно, невидливо, со секој клик. На секоја страница која ќе ја отворите се крадат информации. Се собираат, анализираат и чуваат од владите, странските и локалните, и од компаниите“.

Зборувајќи за модерните телефони, Сноуден вели дека „луѓето забораваат дека оставаат траен доказ за сите физички локации со секое движење. Проблемот со телефоните е дека тие секогаш зборуваат за вас, дури и кога не ги користите“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија