X
 04.11.2015 Технологија

Кои се најголеми корисници на интернет во Македонија?

Државниот завод за статистика штотуку ги објави податоците за навиките за користење на интернет и компјутер на населението во Македонија за последната година.


Резултатите покажуваат дека дури 69% од домаќинствата во земјава користат широкопојасен интернет. Ова е пораст за 1.3% од изминатата година (67,7%).

„Во првото тримесечје од 2015 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 69.2%, a интернет користеле 70.4%“, се вели во соопштението.

Најголеми корисници на интернетот во земјава се учениците и студентите. Дури 94,7% од учениците и студентите користеле интернет.


Што се однесува до намената, најголем дел од корисниците употребиле интернет за интеракција со јавната власт.

Се открива и дека 71,2% од корисниците на интернет во првото тримсечје од 2015 година употребиле мобилен телефон за да се прикачат на интернет.

Целосните податоци пронајдете ги ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија