X
 18.11.2015 Живот

Во што се разликуваат милионерите од останатите луѓе?

Ако планирате да станете милионер до вашата 30-та година, тогаш треба да бидете свесни дека тоа му успева на мал број луѓе. Разликата помеѓу милионерите и останатиот дел од луѓето е во менталитетот.

 

1


Во 2013 година, на светот имало 12 милиони милионери, а поголемиот дел од нив, до богатството дошле преку работа и самостојно.

На пример, славната тв водителка Опра Винфри, чиешто богатство се проценува на 3 милијарди долари, потекнува од сиромашно семејство. Хауард Шулц, претседател и генерален директор на „Starbucks“, исто така има скромно потекло; тој пораснал во Бруклин, а сега вреди 2.5 милијарди долари. Се поставува прашањето: Како им успеало? Во што тие се разликуваат од останатите луѓе кои не се милионери?

1. Мораш да бидеш „некој“, за да направиш „нешто“!

Милионерите веруваат дека мораат да бидат „некој“ кој ќе се збогати додека просечните луѓе мислат дека мораат да направат „нешто“ големо за да се збогатат. Обичните луѓе се фокусираат на непосредниот резултат на нивните акции, а богатите луѓе се сконцентрирани на учење и растење од секое искуство. Основачот на ИКЕА истакнува дека само оние кои спијат не грешат. На пример, Доналд Трамп, после 9 милијарди долг, се врати побогат од било кога.

2. Непријатностите се неопходни

Милионерите сфаќаат дека непријатностите се неопходни ако сакате да напредувата. За да ви биде удобно и пријатно, мора најпрво да ви биде непријатно и неудобно, но тоа е мала цена за можноста да го живеете вашиот сон. Физичката, психичката и емоционалната пријатност е примарната цел на средната класа, додека светската класа сфаќа дека не е лесно да се стигне до првиот милон и затоа тие лесно се навикнуваат на непријатните околности.

3. Никогаш доста пари


Богатите луѓе се фокусираат на заработка на повеќе пари, додека просечните луѓе се фокусираат на тоа парите кои ги имаат да ги сочуваат. Поради тоа не вложуваат и не се обидуваат да ризикуваат за да заработат и да имаат повеќе.

4. Парите не се извор на злото

Милионерите ги гледаат парите како позитивна работа, а просечните луѓе ги гледаат како извор на зло. Богатите луѓе веруваат дека парите можат да ги решат проблемите, а останатите луѓе парите ги гледаат како неопходен дел од животот.

5. Тие ги учат и децата како да се збогатат

Милионерите ги учат своите деца како да се збогатат. Тие ги учат децата реално да ја гледаат реалноста: постојат оние кои се богати и кои можат да имаат многу работи, но и оние кои се сиромашни и не можат да ги имаат овие работи. Иако оваа теорија може да звучи навредливо, експертите сметаат дека тоа едноставно е така.

6. Милионерите имаат високи стандарди и очекувања

Иако понекогаш е лошо човек да си поставува високи цели, бидејќи на крај може да се разочара ако не ги постигне, милионерите работат напорно со цел да не се разочараат себеси и своите очекувања.

7. Ја следат својата страст

Богатите луѓе ја следат својата страст. Една од најпознатите стратегии на светската класа е: „Прави го она што го сакаш и пронајди начин да бидеш платен за тоа“.

8. Себични се

Милионерите се себични. Се трудат да се усреќат самите себеси, наместо да се преправаат дека сакаат да го спасат светот. Ова просечните луѓе го гледаат како негативен став, но тоа е само уште една работа во мозаикот на различноста меѓу богатите и просечните луѓе.

9. Богатството е нивно право

Милионерите веруваат дека да се биде богат е нивно право, а средната класа смета дека да се биде богат е привилегија и работа на среќни околности. Богатите веруваат во создавањето на сопствената среќа и реално проценуваат дали имаат нешто со што можат да придонесат на светот.

10. Се поврзуваат


Богатите луѓе не се сами. Голем дел од нив станале тоа што се благодарение на сопствената снаодливост, а не со наследство од родителите.  Богатите луѓе не се обидуваат да бидат осамени ниту индивидуалци, туку бараат нивни истомисленици со кои се здружуваат, споделуваат идеи и лесно се справуваат со новите предизвици.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот