X
 20.11.2015 Наука

Разочарувачко откритие за најсличната планета на Земјата

Во јануари годинава, астрономите возбудено известија за откритието на најсличната планета на Земјата - Кеплер-438б.


Се работи за планета со голема приближна на Земјата која се наоѓа на оддалеченост од 470 светлосни години. Планетата се наоѓа во зона на својата црвена џуџеста ѕвезда, поради што се поретпоставува дека на површината би можело да тече вода.

Меѓутоа, според ново истражување, близината на планетата до своето сонце ја изложува и на друг феномен - сончеви удари, кои може да се причина поради која планетата не би била погодна за живот.

Според истражувачите од Астрофизичката група на Универзитетот во Варвик, Белика Британија, Кеплер-438б, која досега се сметаше за планета со најголем индекс на сличност на Земјата, е изложена на удари од сончеви зрави кои се 10 пати посилни од оние од нашето Сонце. Овие зраци се еднакви на 100 милијарди мегатони ТНТ.

За разлика од нашето Сонце, она на планетата испушта бранови на секои неколку стотици дни, а секој е сè посилен од претходните.

Можноста за постоење на организми на планетата сè уште не е комплетно елиминирана бидејќи планетата сè уште ја има својата атмосфера, но шансите за наоѓање живот токму таму значително се намалени по истражувањето.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука