X
 01.12.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме до крајот на неделата?



Во Македонија во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и малку потопло. Повеќе сончеви периоди се очекуваат во западните предели. Ќе дува доумерен северозападен, а во западните предели западен ветер. Ветрот во западните и југоисточните предели ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од -5 до 4 степени, а максималните од 7 до 16 степени.

Во Скопје во втроник умерено облачно со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 12 степени.

Во наредните денови ќе продолжи стабилното време, без врнежи од дожд, а температурите ќе бидат во пораст. Во среда умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Во четврток и петок претежно сончево со дневни температури од 9 до 18 степени во четврток, односно од 8 до 17 степени во петок. Во сабота претежно сончево со локална облачност и благ пад на дневните температури кои ќе се движат од 6 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот