X
 08.12.2015 Технологија

Apple ги претвора продавниците во училници

Компанијата „Apple“ неделава ги претвора своите продавници во училници за учење програмирање. Компанијата ги користи своите 468 продавници како место за туторијали за проектот „Hour of code“.


Крег Федерињи, вработен во компанијата, изјавил дека целта на проектот е „палење на искрата“ кај младите. Освен тоа, тој сака да ја промени стереотипната слика за програмерите како осамени „бубалици“ велејќи дека програмирањето е креативно средство, нешто како музиката.


„Hour of code“ е меѓународен проект кој на луѓето им дава воведни лекции за компјутерско програмирање. Тој е активен во 180 земји и е поддржан од технолошки фирми и национални влади, а изминатата година влијаел на 100 милиони луѓе.

Годинава, „Apple“ го поддржува проектот со организирање работилници за програмирање, говори од програмери и туторијали од софтверски инженери.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија