X
 09.12.2015 Наука

Психопат и социопат: Која е разликата?

Термините „психопат“ и „социопат“ се користат како синоними деновиве, но меѓу нив постои значителна разлика.


Џек Пемент од Универзитетот во Мисисипи во списанието „Агресија и насилно однесување“ пишува дека „психопатијата е нарушување кое се поврзува со специфично однесување“. Тоа е најчесто биолошко нарушување, со оглед на тоа што психопатите имаат абнормалности во мозокот.

Имено, многу региони на мозокот кои се поврзани со емпатијата не реагираат во емотивни ситуации кај психопатите. Освен тоа, психопатите реагираат различно (поинтензивно) на награди во споредба со повеќето.

Од друга страна, социопатите, ги имаат карактеристиките како манипулација и негрижа за чувствата на другите, но не поради недостигот на чувство на моралност како психопатите. Нивниот компас на моралност можеби е малку поместен. Ова може да биде поврзано со системот на верување.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука