X
 11.12.2015 Технологија

Вовед во 15-те најбарани програмски јазици денес

Во најгенерална смисла, да се програмира значи да се контролира или да се комуницира со машина (компјутер). Ова станува голем тренд и експерти од повеќе сфери препорачуваат што поскоро учење програмски јазици.


Навистина, некаде се учат програмски јазици уште од основно училиште. Причината е очигледна. Развојот на технологијата е видлив. Сè што гледате околу вас е софтвер, кој е дизајниран и програмиран со некој јазик. Но, кој од програмските јазици е најкорисен за учење?

„Mashable“ состави одличен водич наречен „Coding 101: How to talk to computers?“. Накратко кажано, овој водич содржи сè што треба да знаете за најпопуларните програмски јазици и нивната употреба.

Водичот е интерактивен, па така секој корисник има можност да ја внесе индустријата во која сака да работи и според тоа да добие совет за јазикот кој треба да го научи. Потоа, корисникот добива информации за програмскиот јазик и неговата примена.

Водичот пронајдете го ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија