X
 18.12.2015 Образование

Како да станеш претприемач додека студираш?

Многу студенти сакаат да научат како да заработат или да научат дополнителни вештини кои ќе им помогнат да напредуваат во својата област. Она што многу студенти не го знаат е дека станувањето претприемач за време на студиите може да има долготрајно влијание на личниот развој и на паричникот. „Hack college“ нуди неколку совети за вас доколку сакате да станете претприемач.


Најдете го она што ве издвојува

Најуспешните луѓе се способни да се видат себеси во однос на оние околу нив. Дали имате вештина која ја немаат другите или ви е лесно нешто што генерално е тешко? Дали оваа вештина има потенцијал да влијае на останатите?

Можеби е тешко засега да го воочите она што ве издвојува. Она што може да го сторите за да го забрзате процесот е да одберете една вештина или знаење кое ве претставува вам како личност. Ова искористете го за да го усовршите и да создадете нешто врз негова основа.

Отворете интернет-страница

За да ги претставите добрата и услугите кои планирате да ги обезбедите отворете интернет-страница или блог. Ова не е толку тешко како што изгледа. Места како Spaces, Wix, Wordpress, Moonfruit може да ви помогнат.

Вмрежување, вмрежување

Дури и кога сметате дека не вреди, имајте предвид дека секогаш е добро да знаете повеќе луѓе и да имате повеќе контакти. Зборувањето со останатите во вашата област може да ви помогне подобро да ја разберете конкуренцијата, но и публиката. Бидете проактивни и запознавајте луѓе.

Волонтирајте

Ова е еден од најлесните начини за издвојување себеси од групата. Со волонтерската работа вложувате во личниот развој. Запомнете дека вие сте сума од луѓето со кои го минувате времето. Ако сакате да растете, треба и да сакате да растете.

Искористете ги студиите во ваша полза

Не се двоумете за да ги прашате професорите за идеја или совет. Големи се шансите дека тие ќе ве разберат и ќе ви помогнат. Поврзете се со студентите на универзитетот кои може да ви помогнат да се развивате. Станете дел од студентска организација. Не се плашете да ги искористите овие можности.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование