Пејачот Мусти Изеривоски се ослободи од дипотријата
Благодарение на тимот на Систина офталмологија, талентираниот пејач Мусти Изеировски, кој
живее и работи во Швајцарија, го промени својот препознатлив имиџ со очила и се ослободи
од диоптријата засекогаш. Неговите импресии од промените се сè уште свежи но многу брзо
се адаптира на промените и ужива во новот лице кое го доби со само 5 минутна безболна
интервеницја.
„Сè уште видот ми е матен бидејќи се навикнувам на промената, но гледам многу подобро
отколку со леќи. Скоро 10 години носев леќи, а наочари уште подолго. Имам голема диоптрија
и поради тоа бев зависен од очните помагала. Никако не можев да се одморам, секогаш
требаше да пазам на нив. Се одлучив за ласерска корекција на диоптрија во Систина
Офталмологија бидејќи чувствував дека можев да се потпрам на нив и навистина да го сфатат
и да ми помогнат да го решам мојот проблем“,изјави Мустафа.
За самиот процес на отстранување на диоптријата тој вели: „За интервенцијата бев многу
информиран, за целата постапка ги изгледав сите можни видеа. Кога влегов во операционата
сала имав трема, која брзо ми помина благодарение на тимот во салата кој со разговор успеа
да ме опушти. Сега слободно можам да заспивам во кола кога патувам без да мислам дали
леќите или очилата се извадени “.