X
 01.08.2017 Здравје

Корисни совети за оние што патуваат со очила за вид

Иако работните обврски ни го исполнуваат поголемиот дел од нашето секојдневие, па дури и целиот ден, моментите кога можеме да си земеме здив често ги користиме за организирање некакво патување. Без разлика дали е тоа еден ден, викенд или подолг одмор, за лицата што носат очила секое патување може да е напор.


Фото: Pixabay

Затоа треба да се особено внимателни да не се случи некоја незгода, како губење или кршење на очилата. Со ласерската корекција на диоптрија или вградувањето на мултифокалните леќи во „Систина Офталмологија“ овие грижи нема да ги имате.

Сепак, ако патувате со очила, пожелно е да ги имате предвид овие кратки препораки што ќе ви го олеснат одморот.

• Потврда за очила – секогаш со вас

Ако случајно ги оштетите рамките или стаклата, секогаш е добро да ја понесете со вас и потврдата за очила на која е наведена вашата диоптрија/цилиндар. На овој начин, стаклата ќе бидат добро изготвени и ќе може да продолжите со вашиот одмор.
Ако забележите пред патувањето дека имате некоја мала промена на диоптрија, посетете го вашиот офталмолог. Ќе ја имате точната информација за вашите очи и рутинската проверка е секогаш добредојдена.

• Квалитетна заштитна кутија за очилата за вид

Најверојатно си мислите дека секоја кутија е добра за чување очила, но не е баш така. При одбирање кутија треба да внимавате да одговара на големината на вашите очила, во спротивно, сигурно ќе ги оштетите. Цврста кутија, со соодветен облик и дизајн е доволна за заштита на очилата во вашата чанта.

• Понесете уште еден пар очила

Ги изгубивте очилата, а во близина немате оптика да си направите нови, и сега што?! Задолжително понесете со вас уште еден пар очила. Чувајте ги одделно од другите очила за да не останете без двата пара во исто време.

• Repair kit за очила

„Прва помош“ за очилата се состои од шрафцигер, соодветно шрафче и марамче (марамчиња). Овие алатки се едноставни за употреба, а воедно ќе ви заштедат многу време и дополнителни трошоци.

Летен попуст на ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија! Ослободете се од очните помагала за само 450 евра од око! Акцијата трае до 31.08.2017 година. Закажете термин на: 02/3097-000; 070/351-008.


https://www.sistinaoftalmologija.com.mk/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје