X
 29.12.2015 Живот

Инспиративни цитати од ликот на Јода - "Војна на ѕвездите"

Доколку сте луди по филмовите „Star wars“, тогаш сигурно ве воодушевил ликот на Гранд Једи мајсторот, Јода. Јода бил созаден од Џорџ Лукас и за прв пат се појавил во „The empire strikes back“ во 1980 година. Тој бил само 66 сантиметри висок, повеќе од 900 години стар и дел од некој непознат вид. Тој бил познат по неговата извонредна моќ, уникатна личност, интуитивното знаење и чувството за свесност.

 

jedi


Јода влијаел врз многу генерации на Џедај со неговите просветлувачки совети. Преку неговото водење и мудрост, тој беше движечката сила позади хероите како Лук Скајвокер и Оби-Ван Кеноби. Најважниот ученик на Јода веројатно беше Лук Скајвокер, кој го обучи да стане иднината на Џедаите. Јода ригорозно ги тестираше своите ученици до ментална и физичка крајност, а сепак беше скромен и нежен. Неговите ученици често пати не се согласуваа со него, но постепено доаѓаа до сфаќање на неговите мудрости.

Во продолжение ви ги нудиме неговите најмудри мисли - обидете се да научите нешто од нив.

1. „Смрта е природен дел од животот. Радувај се на оние околу тебе кои се трансформираат во Силата. Немој да тагуваш по нив. Нека не ти недостигаат. Приврзаноста доведува до љубомора. Тоа е сенка на алчноста“ - Revenge of the Sith

2. „Ќе знаеш кога си смирен и кога имаш мир. Пасивност. Џедајот ја користи Силата на знаењето и одбраната, а не нападот“ - The Phantom Menace

3. „Направи го или не го прави. Нема обид“ - The empire strikes back

4. „Големината не е важна. Погледни ме мене. Дали би ми судел според големината? И не би требало. Мојот сојузник е Силата, а тој е навистина моќен сојузник. Животот ја создава, ја тера да расте. Мора да ја почувствуваш Силата околу тебе, тука, помеѓу тебе, мене, дрвото, каменот, насекаде. Дури и помеѓу земјата и бродот“ - The empire strikes back

5. Дали си подготвен? Што ти знаеш за подготвеност? 800 години наназад тренирам Џедај. Самиот јас ќе одлучувам кој треба да биде трениран. Џедајот мора да ја има најдлабоката посветеност, најсериозниот ум. Оваа личност ја гледав долго време. Целиот негов живот гледаше настрана... во иднината, во хоризонтот. Никогаш не имаше на ум каде и што правеше тој. Авантура. Возбуда. Џедајот не копнее по овие работи. Ти си невнимателен“ - The empire strikes back

6. „Стравот е патот кон темната страна. Стравот води кон гнев. Гневот води кон омраза. Омразата води кон страдање“ - In revenge of the Sith

7. „Тоа е причината поради која ти не успеваш“ - The empire strikes back

8. „Немој да претпоставуваш било што Оби-Ван. Умот треба да ти биде чист ако сакаш да ги откриеш вистинските негативци позади овој заговор“ - Attack of the clones

9. „Да, силата на Џедајот отекнува од Силата. Но внимавај од темната страна. Лутината, бесот, агресијата, тие се темната страна на Силата. Лесно ќе се влезат и за брзо време ќе ти се придружат во борбата. Ако еднаш започнеш да одиш по темниот пат, засекогаш ќе доминира со твојата судбина, ќ ете консумира“ - The empire strikes back.

10. „Навистина е неверојатен умот на детето“ - Attack of the clones
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот