X
 27.07.2025 Живот

Магичен замок во Италија што изгледа како да излегол од бајка

Кога замокот од цртаниот филм „Снежно кралство“ би постоел во реалноста, тогаш веројатно замокот во регионот Молис во Италија би бил тој. За многумина овој замок е нешто волшебно, излезено токму од бајките.


Неговата изградба траела речиси еден век. За замокот наречен „Базиличко засолниште на нашата дама на тага“ се поврзани интересни легенди.

За изградба на светилиштето, архитектите на зградата работеле исклучиво со уметници за локален камен и тој бил направен само од регионалниот камен во Кастелпетросо. Мештаните велат дека е толку убав, што дури и Италијанците не веруваат дека вакво богатство постои во нивната земја и често ја посетуваат областа само за да се уверат дека е реалност. Легендата вели дека две локални девојки, Серафина и Фабијана, ја виделе Богородица Марија како го држи нејзиниот крвав син токму каде што бил изграден храмот. Тие ги барале нивните изгубени овци во околината кога забележале заслепувачка светлина што доаѓала од пукнатините од карпите. Оттогаш, и други луѓе што ја посетиле областа имале слични приказни.


Стотици посетители доаѓаат секоја година за да прошетаат по патеката по која оделе двете девојчиња. Оваа патека е поделена на седум фази и на секој чекор, има бронзени статуи со човечка големина што го рецитираат животот на Исус. Мештаните ја раскажуваат и приказната за еден млад човек кој паднал од карпа, но не се повредил затоа што светото место го штитело.


Друга приказна вели дека на тоа место имало чудесен извор што излегувал од карпите; водата била лековита, па дури и излекувала 12-годишно момче кое боледувало од туберкулоза, како и глуво момче. Добрата вест е што можете да престојувате во областа. Не баш во замокот, бидејќи моментално работи како црква, но можете да престојувате во хостелот што се наоѓа до базиликата. Зеленилото од локалното село го прави ова место прекрасно, а особено ќе ги воодушеви оние што ги ценат енергијата на природата и неверојатниот поглед. Луѓе од цел свет доаѓаат тука за да медитираат и да најдат малку мир и тишина.

Извор: Brightside.me
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот