X
 12.11.2020 Спорт

Историски пласман: Македонија оди на ЕП во фудбал

Со голот во 56. минута и конечен резултат од 1:0 нашиот најдобар фудбалски стрелец Горан Пандев и донесе пласман на Европското првенство на македонската фудбалска репрезентација, која вечерва играше против Грузија.


Игор Ангеловски, селектор на фудбалската репрезентација

Ова беше 36. гол во 114. натпревар за националниот тим.



Европското првенство е презакажано од оваа за следната година. Ќе се игра од 12 јуни до 12 јули следната година, а домаќини ќе бидат 12 градови во исто толку држави. Македонија ќе биде дел од Ц-групата и ќе дебитира на 13 јуни против Австрија, на мечот што ќе се игра во Букурешт.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт