X
 15.05.2025 Здравје

Врз кој орган најмногу влијае долгото седење?

Во современиот начин на живот, во кој повеќето луѓе поминуваат часови седејќи пред компјутер, во автомобил или пред екран, физичката неактивност станува тивок непријател на здравјето.

Недостигот на физичка активност најмногу влијае врз срцето, односно врз кардиоваскуларниот систем. Долготрајното седење значително го зголемува ризикот од:

- висок крвен притисок;
- дебелина;
- зголемен холестерол;
- срцеви заболувања (коронарни болести, срцев удар);
- создавање тромб (крвно згрутчување);

Освен срцето, неактивноста сериозно го нарушува и здравјето на следниве органи и системи:

Мускули и коски - доаѓа до атрофија на мускулите, слабеење на мускулно-скелетниот систем и појава на остеопороза;

Мозок - намалената циркулација влијае врз когнитивните функции и го зголемува ризикот од депресија и деменција;

Бели дробови - намалена вентилација и капацитет, особено кај повозрасните;

Дигестивен систем - забавен метаболизам, запек и проблеми со варењето.

Извор: Atvbl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје