X
 09.03.2016 Здравје

Како да одгледувате oргански производи во вашата градина?

Уште пред да знаеме, летото ќе пристигне. А за оние опседнатите со здравјето, со топлото време доаѓа и желбата за совршено зрели домати кои ги имаат сите хранливи вредности.

 

растенија


За да ги имате овие производи, потребно е малку време и доста голема желба. Ви нудиме неколку чекори за тоа како да одгледувате органски растенија.

1. Изберете сооветен сад


Секогаш започнете со основниот слој. Можете да земете сад со неколку сегментирани области за различни семиња или можете да користите плитки поединечни садови. Без оглед на тоа што ќе изберете, садот треба да има дупка и да биде чист.

2. Изберете почва


Важно е да користите свежа, чиста почва за бактериите да не пораснат во новите семиња. Ако немате свежа почва, можете да искомбинирате почва со мов или кокосово влакно, перлит и вермикулит.

3. Додајте го семето


Што најмногу сакате да јадете или да готвите? Босилек, мајчина душица, рузмарин, оригано - сите овие се одлични опции. Опциите за зеленчук може да се од домати, пиперки, краставици и модар патлиџан. Имајте на ум дека не сите семиња ќе започнат да 'ртат. Прочитајте го упатството на пакетчето и засадете го семето во соодветна длабочина.

4. Вода

Најважно е растенијата да бидат правилно наводнувани. Прскајте ги растенијата и редовно наводнувајте ги. Семињата постојано треба да бидат влажни, но не и накиснати. Проверувајте ги секој ден и додавајте им вода колку што е потребно.

5. Уметноста на светлината и топлината


Семињата треба да бидат на топлина од 18 степени Целзиусови за да никнат. Можете да користете греење. Додека семето никне, не го ставајте директно на сонце. Откако ќе никнат, ќе им биде потребна поголема светлина, па ќе треба да им го овозможите тоа, меѓутоа внимавајте да не претерате. Ротирајте ги кон светлината.

6. Ѓубрење


Првиот сет на лисја, наречени котиледони не бараат никакво оплодување. Откако ќе видите како се формира вториот сет на лисјата, тогаш треба да му ставите ѓубриво. Користете ѓубриво со висок калиум со разредена сила во првите неколку недели.

7. „Стврднување“


Ова е термин во градинарството кога вашите растенија ќе ги одведете на отворено. ова обично се прави една недела или две после последниот мраз. Првиот ден, аштитете ги вашите семиња од директното сонце и избегнувајте го ветрот. Оставете ги неколку часа надвор. Вториот ден оставете ги малку повеќе и заштитете ги од ветрот и силното попладневно сонце. Третиот и четвртиот ден оставете ги на попладневното сонце. Оставете ги надвор поголемиот дел од денот, но ставете ги внатре вечерта. После тоа време е повторно да ги засадите во поголем сад, надвор.

8. Грижа за надворешните растенија


Сега кога растенијата се надвор, не заборавајте постојано да ги проверувате за наводнување. Чувајте ги влажни, но не премногу влажни. Утрото е најдобриот период за наводнување. Ставајте му ѓубриво на секои неколку недели и пресадете ги во поголеми садови доколку е потребно. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје