X
 15.07.2015 Живот

Што успешните луѓе прават во слободно време?

Секој од нас успехот го дефинира на различен начин, а повеќето млади луѓе го поврзуваат со здравје, богат социјален живот и одличен животен баланс.

Доколку им верувате на тврдењаата на експертите, како го поминувате слободното време во вашите дваесетти и триесетти - доста силно ќе влијае токму на наведените работи.

„Ако понекогаш издвоите време за да ги наполните батериите, се занимавате со некакви физички активности, како на пример после работата и викендот и внимавате на исхраната, тоа ќе ви помогне да бидете поуспешни во вашата работа“, тврди Лин Тејлор, авторка на книгата „Tame Your Terrible Office Tyran“.

Здравото тело и здравиот дух ви помагаат да бидете успешни на работа, а кога ќе видите дека сте успешни на работа, ќе ви биде лесно да се опуштите и да го работите она што го сакате во слободно време. Едното секогаш влијае на другото. Авторката Тејлор кажува со кои работи успешните луѓе се занимаваат во текот на слободното време.

1. Редовно се служат со социјалните мрежи

За успешните млади луѓе социјалните мрежи имаат голема важност и тие сфаќаат дека постојаниот контакт со луѓето е клучен за среќа и задоволство во текот на нивното слободно време.

2. Поминуваат време со семејството и пријателите

Кога се зафатени со обврските околу факултетот или работата, младите луѓе не обрнуваат премногу внимание на своите блиски, но се трудат секој слободен момент да го поминат со семејството и најблиските пријатели.

3. Вежбаат

Многу успешни млади луѓе постојано се грижат за сопственото здравје и бараат адреналински предизвици како што се редовното вежбање или пак екстремниот спорт.

4. Постојано учат нови работи

Младите луѓе, доколку се трудат да бидат успешни и се често интелектуално љубопитни и се трудат постојано да читаат и да го пребаруваат интернетот во потрага по нови информации. Тие не веруваат во се` што ќе видат, туку случувањата во последните 15 години ги научија дека работите мораат да се преиспитуваат.

5. Размислуваат за сопствениот успех

Оваа група на луѓе е фасцинирана со другите млади, успешни претприемачи и луѓе кои успеале да направат нешто ново и иновативно. Во своето слободно време размислуваат за тоа како би можеле да постигнат нешто слично, не затоа што би им донело богатство, големи куќи и скапи автомобили, туку затоа што сакаат да направат нешто различно и да бидат независни кога станува збор за сопствената кариера.

6. Поминуваат време во природа

Поминувањето време во природа и активнотите со кои притоа се занимаваат младите луѓе им помагаат да функционираат поуспешно во извршувањето на задачите подоцна, и физички и ментално.

7. Се хранат здраво со одредена цел

Опуштената вечера со пријателите се наоѓа на високо место на приоритетите кај овие млади луѓе, а за тоа често пронаоѓаат време после работата или викендот. Но тие внимаваат што јадат и повеќето од нив јадат органски и здрави производи.

8. Патуваат

Патувањата можат да бидат скапи, но успешните млади луѓе секогаш пронаоѓаат начин како поевтино и поефикасно да посетат некој град или едноставно ги посетуваат пријателите и семејството. Зошто е тоа така? Затоа што се желни за возбудливи искуства - и затоа што притоа сакаат да научат нешто за различните места и култури.

9. Спонтани се

Успешните млади луѓе сфаќаат дека понекогаш едноставно треба да се ужива во животот. Спонтаноста покажува дека си способен да размислуваш во моментот и да донесуваш брзи одлуки, што е секако особина на успешен лидер.

10. Се занимаваат со активности кои ги исполнуваат

Тие сфаќаат дека дваесеттите и триесеттите години е најдоброто време за разни хобија и возбудливи активности што вклучуваат шопинг, дружење со пријателите, читање, сликање или нешто што ги прави среќни.

11. Размислуваат филантропски

Успешните млади луѓе често размислуваат за околината и нејзиното зачувување отколку останатите нивни врсници, а поддржувањето на оваа теорија се одразува на нивниот успех. Поголемиот дел од нив се свесни за состојбата во општеството и сакаат да направат позитивни промени.

12. Ја користат својата креативност


Слободното време кое го поминуваат свирејќи некој предмет, слушајќи музика или одејќи на концерите е она што ги поттикнува да бидат успешни како и сликањето или пишувањето блогови за темите кои им се важни.

13. Знаат кога е време да се наполнат батериите


Тие се свесни дека од време на време мораат едноставно да се опуштат и да се наполнат батериите и знаат дека можат работите успешно да ги завршат дури кога ќе бидат одморени и фокусирани.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот