X
 15.07.2018 Живот

Германски град организира лотарија за доделување гробни места

Градот Берхтесгаден на Баварските Алпи одлучи по пат на лотарија да ги доделува многу бараните гробни места на локалните гробишта.

Властите на Берхтесгаден, поради недостаток на простор, со години морале да ги одбиваат барањата на луѓето кои сакаат нивната крајна дестинација да биде на гробиштата од 17-тиот век.

Откако се ослободиле 200 гробни места, градот одлучи да организира лотарија за да се осигура дека сите имаат исти шанси да заземат место на гробиштата.

Се пријавиле околу 280 лица.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот