X
 15.07.2021 Живот

Канадската ЦИА преку оглас бара разузнавачи - еден од условите е да бидете итри

Канадската безбедносна разузнавачка служба (ЦСИС), дел од системот за национална безбедност на земјата, вработува разузнавачки службеници и треба да бидете итри ако сакате да ја добиете работата.

За оваа позиција со седиште во Отава се нуди годишна плата помеѓу 71.000 и 102.000 долари, а може да аплицираат канадски граѓани кои се дел од малцинствата и/или домородци. Секој што сака да аплицира мора да знае англиски и француски јазик и да се согласи да стане билингвалец преку обука.

Условите за работа бараат диплома, разбирање на ЦСИС и приоритетите за националната безбедност, подготвеност за патување и можност за преселување каде било во Канада.

Меѓународните патувања и познавањето странски или домородни јазици се добри вештини, но не се сметаат за неопходни.

Разузнавачките службеници се одговорни за спроведување, координирање и управување со истраги, подготвување извештаи за прашања поврзани со националната безбедност на Канада, развој на информативни мрежи и многу повеќе. Исто така, од кандидатот се бара да биде дискретен додека ја извршува својата работа.

Сите кандидати треба да добијат безбедносно одобрување што вклучува безбедносно интервју, полиграфи и истрага за нивниот живот.

Се аплицира преку интернет до 4 август, а ако аплицирате, не смеете да разговарате за вашата апликација со никој друг освен со вашиот партнер или близок член на семејството (но, и таа личност не смее да дискутира за апликацијата со некој друг).

Доколку ги исполнувате условите, ТУКА можете да аплицирате.

Извор: Narcity.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот