X
 15.08.2022 Образование

Земја на студентски градови: во Хрватска може да се студира во 44 града

Во Хрватска се спроведуваат 1.643 студиски програми во вкупно 44 града.

Има 9 универзитети во Загреб, Осиек, Риека, Сплит, Задар, Дубровник, Пула, Славонски Брод и Копривница. Освен нив, има уште 124 високи школи од разни категории кои исто така нудат студиски програми.

Сите овие студиски програми се изведуваат на кампусите на универзитетите и високите школи, но и во помалите градови. Според податоците од хрватската агенција за наука и високо образование, може да се студира во дури 44 хрватски града.

Најмногу студиски програми се достапни во Загреб (700), а следуваат Сплит (203), Осиек (194) и Риека (188).

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Дубровник/Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование