X
 20.05.2018 Образование

Американските универзитети каде што дипломирале повеќе од 500 милијардери

Вкупниот број на милијардери во светот се зголеми за скоро 15 отсто од 2016 до 2017 година и сега изнесува 2.754.

Додека патот до мега-богатството секако не е ист за сите, повеќе од 560 од тие милијардери, поточно 567, имаат диплома на еден од топ 10-те најдобри американски универзитети. Тоа ги вклучува Илон Маск, Ворен Бафетт и основачите на „Гугл“.

универзитети
Фото: Shutterstock


Според извештајот, 188 живи милијардери се алумни на Универзитетот Харвард. Тука не се вклучени најбогатите луѓе во светот, Марк Закерберг и Бил Гејтс, кои се отпишале од студиите.

Следниот универзитет што „произведува“ најмногу милијардери е Универзитетот Стенфорд, со 74 познати милијардери-алумни, вклучувајќи го и основачот на „Најк“, Фил Најт.

Погледнете кои 10 американски универзитети создале најмногу милијардери.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование