X
 15.08.2025 Живот

Милионер во Швајцарија казнет со 92.700 евра за пречекорување на брзината за 27 км/ч

Неименуван милионер од Швајцарија, инаку француски државјанин кој живее во земјата веќе 20 години, се соочи со строга казна поради пречекорување на брзината во населено место. Казната што ја добил е толку висока што би шокирала секого.

Жител на Лозана, чие богатство се проценува на неколку стотици милиони евра и кој е на листата на 300 најбогати во земјата, во август 2024 година бил фатен како вози со 77 км/ч на пат каде што ограничувањето е 50 км/ч.

Судските власти немале дилема при одредувањето на казната. Обвинителот ја пресметал условната казна согласно законот: 40 дена парична казна по 2.060 евра дневно, плус еднократна казна од 10.300 евра.

Вкупно: 82.400 + 10.300 евра = 92.700 евра.

Повторен прекршок


Локалните медиуми наведуваат дека ова не е првпат да биде казнет за пречекорување на брзината. Пред 8 години исто така добил парична казна од 61.800 евра, плус еднократна казна од 10.300 евра.

Како се пресметува казната во Швајцарија


Портпаролот на јавното обвинителство, Венсан Деруан, објаснил дека санкциите во Швајцарија се одредуваат врз основа на личната и финансиската состојба на сторителот.

- Судијата ја утврдува висината на дневната казна во распон од најмалку 31 до најмногу 3.090 евра, земајќи ги предвид приходите, имотот, начинот на живот, семејните обврски и егзистенцијалните потреби - изјавил тој.

Со овој пристап, правосудниот систем се обидува да обезбеди еднаквост пред законот бидејќи казна од 300 евра за обичен граѓанин и казна од 82.000 евра за мултимилионер можат да имаат ист предупредувачки ефект.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот