Ниту еден македонски универзитет не се најде на годинашното академско рангирање на универзитетите во светот, попознато како Шангајска листа.
Универзитетот „Харвард“ е на врвот на листата веќе 26. година, а по него следуваат „Стенфорд“ и МИТ.
Од регионот, најдобро рангиран е Универзитетот во Белград, Србија, кој се најде на 401-500. позиција.
Универзитетот во Љубљана, Словенија, е рангиран од 501-600. место на листата.
На листата се најдоа четири грчки универзитети, од кои најдобро рангирани се Универзитетот „Аристотел“ во Солун и Националниот и Каподистриасов универзитет во Атина, кои се рангирани на 501-600. место.
Универзитетот во Загреб, Хрватска, е позициониран на 601-700. позиција на листата.
Од сето ова може да се согледа дека освен Македонија, од земјите од регионот, без високообразовна установа на листата се и Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Целата листа можете да ја видите
ТУКА.
Фото: Freepik