X
 21.07.2022 Образование

Објавена Шангајската листа со најдобри универзитети според насоки

Академското рангирање на универзитетите во светот на универзитетот „Џао Тонг“ во Шангај, познато и како Шангајско рангирање, штотуку ги објави листите со најдобри универзитети во светот според насоки на студирање.

На овогодишната листа се најдоа 1.800 од вкупно 5.000 универзитети во 96 земји и региони. Во продолжение се универзитетите што се на врвот на листите по насоки.

Математика - „Париз-Сакле“, Франција;
Физика - Технолошки институт во Масачусетс, САД;
Хемија - Универзитет во Калифорнија, Беркли, САД;
Географија - Универзитет во Вагенинген, Холандија;
Екологија - Универзитет во Оксфорд, Велика Британија;
Машинско инженерство - „Шиан Џиаотонг“, Кина;
Електротехнички науки - Универзитет во Калифорнија, Беркли, САД;
Автоматизација и контрола - Технолошки институт во Масачусетс, САД;
Биомедицина - „Харвард“, САД;
Компјутерски науки - Технолошки институт во Масачусетс, САД;
Биотехнологија - „Харвард“, САД;
Воздухопловство - „Бејханг“, Кина;
Биологија - „Харвард“, САД;
Земјоделство - Универзитет во Вагенинген, Холандија;
Ветерина - Универзитет во Гент, Белгија;
Јавно здравство, клиничка медицина и фармација - „Харвард“, САД;
Орална медицина - Универзитет во Мичиген „Ен Арбор“, САД;
Економија - Универзитет во Чикаго, САД;
Статистика - „Харвард“, САД;
Право - „Јејл“, САД;
Политички науки - „Харвард“, САД;
Социологија - „Харвард“, САД;
Образование - „Харвард“, САД;
Комуникации - Универзитет во Амстердам, Холандија;
Психологија - „Харвард“, САД;
Бизнис-администрација - Универзитет во Пенсилванија, САД;
Финансии - Универзитет во Пенсилванија, САД;
Менаџмент - „Харвард“, САД;
Јавна администрација - Универзитет во Архус, Данска;
Угостителство и туризам - Политехнички универзитет во Хонгконг.

Целосните ранг-листи погледнете ги овде.

Извор: Shanghai Ranking
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование