X
 15.09.2022 Живот

Билборд што ги шокира возачите: „Добре дојдовте во селото познато по сообраќајни несреќи“

Креаторите на билборди отишле чекор подалеку и нималку промислено, а ниту духовито, ги навеле честите сообраќајни несреќи како заштитен знак, односно обележје на ова место.

На патот Будва - Цетиње, од правец на црногорската метропола, се појави билборд со, благо речено, необична порака.

Билбордот, чија цел е да ги предупреди возачите да возат повнимателно, е поставен во местото Брајиќи, каде што се случиле многу сообраќајни несреќи.

село
Фото: PA

Креаторите на билборди отишле чекор подалеку и нималку промислено, а ниту духовито, ги навеле честите сообраќајни несреќи како заштитен знак, односно обележје на ова место.

- Добре дојдовте во Брајиќи, село познато по сообраќајните несреќи. Welcome to Brajići, a vilage known for traffic accidents - пишува на билбордот.

Извор: 6yka.com
Фото: PA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот