Серијата „Заложник“ (англ. Hostage) има само пет епизоди, па многумина ја гледаат во еден ден, а ја споредуваат со најинтензивни трилери на оваа стриминг-платформа.
За помалку од пет часа, серијата носи повеќе пресврти и неизвесност отколку што многу други успеваат да прикажат во цела сезона. Дејството се врти околу застрашувачка криза - сопругот на британската премиерка е киднапиран за време на важен дипломатски самит. Истовремено, францускиот претседател добива сè посериозни закани. Двајцата лидери мора да одлучат дали ќе соработуваат или ќе се впуштат во опасна игра на политички интриги што ги поместуваат сите граници.
Главната улога на британската премиерка Абигејл Далтон ја глуми Сјуран Џоунс, во изведба што обожавателите ја опишуваат како една од највпечатливите во нејзината кариера.
Социјалните мрежи беа преплавени со позитивни коментари. Серијата има 78 отсто на „Ротен томејтос“, но најголемата тежина сепак ја имаат коментарите на гледачите.
- Оваа серија изгледа како десет епизоди натрупани во пет и тоа го велам како комплимент - вели еден интернет-корисник, а друг додава: - Ја изгледав во еден здив! Сјуран Џоунс е апсолутно феноменална.
Извор:
b92.net
Фото: Screenshot/YouTube