X
 05.09.2022 Култура

Првата епизода на „Куќата на змејот“ може бесплатно да се гледа на „Јутјуб“

Сакате да ја гледате серијата „Куќата на змејот“, но не сакате да се претплатите на Ејч-би-о? Сега постои можност да ја гледатe првата епизода од новата серија бесплатно.

Ејч-би-о ја објави целата прва епизода на „Јутјуб“. За жал, видеото не може да се гледа од сите земји и затоа не е достапна во Македонија.


„Куќата на змејот“ ја имаше својата премиера на 21 август. Приказната во серијата се одвива околу 200 години пред настаните во популарната серија „Игра на троновите“.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура