X
 15.10.2024 Живот

Погледнете како изгледаат реновираните соби во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, раководителот на Германската развојна банка (KFW) за Југоисточна Европа, Клаус Милер, претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Стефан Худолин, и германскиот заменик-амбасадор Јан – Аксел Вос, денеска информираа за прогресот на активностите во рамките на проектот за модернизација на државните студентски домови во Македонија.

-Градежни активности се реализираат во „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје и во нив вложуваме 17 милиони евра. За 18 месеци ќе станат современи, енергетски ефикасни и ќе понудат услови и стандарди за едукација и престој какви што треба да имаат и какви што заслужуваат студентите. Целосно ги менуваме внатрешноста, инсталациите, столаријата, фасадата, поставуваме фотоволтаици и екосистеми за греење - рече Јаневска, информирајќи дека паралелно течат подготовките за отпочнување на реконструкцијата и на други седум студентски домови.

Во продолжение може да погледнете како сега изгледаат собите во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.






Фото: МОН

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот