X
 18.02.2020 Образование

Конкурс за сместување студенти во блоковите В и Г од домот „Гоце Делчев“

Откако во петокот официјално беа пуштени во употреба блоковите В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за сместување студенти во овие два блока. Електронско пријавување почна вчера и ќе трае до 24 февруари.

Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни во В и Г се 408 легла. Во конкурсот се наведени условите за аплицирање, потребните документи и рокот за нивно доставување во МОН. Конечниот список за прием на студентите треба да биде објавен на 14 март 2020.

Со реновирањето на блоковите В и Г, стана енергетски ефикасен најголемиот студентски дом во земјава.

Како што соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми, во двата блока се инвестирани 2,7 милиона евра: 2,3 милиона евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.

Покрај реновираните соби за сместување на студентите, помошните заеднички простории на еден од катовите се пренаменети во простории за спортски и рекреативни активности со вградена вентилација.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование