Довербата е „општествено лепило“. Таа ги поврзува заедниците, ги обликува институциите и ја поттикнува економската активност.
Инфографиконот на „Visual capitalist“ рангира 90 држави според процентот на возрасни кои се согласуваат со изјавата: „На најголемиот дел од луѓето може да им се верува“.
Рангирање: Земји со најмногу и најмалку меѓусебна доверба
Данска се најде на првото место со 74 отсто, а веднаш зад неа се Норвешка со 72 отсто и Финска со 68 отсто. Истражувањето се базира на 1.000-1.500 интервјуа по држава. Учесниците одговарале на прашањето „дали може да им се верува на повеќето луѓе“ или треба „многу да се внимава“.
Нордиските земји традиционално имаат силни социјални системи, ниска корупција и транспарентна власт - фактори кои создаваат стабилна култура на доверба.

Фото: Visual Capitalist
Просечна доверба во англофонските земји и Западна Европа
Англиското говорно подрачје се наоѓа во средниот дел на листата: Нов Зеланд (57 отсто) и Австралија (49 отсто) имаат повисоки нивоа на доверба, Канада (47) отсто, Обединетото Кралство (43 отсто), САД (37 отсто). Слична е состојбата и во Западна Европа: Швајцарија (59 отсто) и Холандија (57 отсто) стојат подобро, додека Германија (42 отсто), Франција (26 отсто) и Италија (27 отсто) значително заостануваат.
Разликите во довербата се поврзуваат со социјалните нееднаквости и политичката поларизација.
Општества со ниска доверба
Латинска Америка има најмногу држави кои се на дното од табелата: Перу (4 отсто), Никарагва (4 отсто), Колумбија (5 отсто) и Еквадор (6 отсто).
Политичката нестабилност, високата стапка на криминал и економските кризи сериозно ја нарушуваат меѓусебната доверба. На Блискиот Исток, Ирак (11 отсто), Либан (10 отсто) и Египет (7 отсто) исто така бележат многу ниски нивоа поради долгогодишни конфликти и слабости во управувањето.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist