X
 15.12.2023 Наука

Озборувањето на работното место може да биде од корист и за вработените и за работодавците

Новото истражување на Универзитетот „Бингамтон“ и Државниот универзитет во Њујорк покажува како некои озборувања на работното место може потенцијално да ја зголемат ефективноста на организацијата.

- Организациите треба да бидат свесни за влијанието на позитивните озборувања бидејќи може да биде многу важен фактор за успехот на организацијата - вели Џинхи Мун, докторанд на Факултетот за менаџмент на Универзитетот во Бингамтон, кој го спроведе истражувањето со други истражувачи.

За да ги натера вработените да учествуваат во позитивното озборување, организацијата треба да ги прави вистинските работи со тоа што ќе се однесува добро со своите вработени и ќе биде свесна дека нивното однесување може да покаже дека се грижи за нив, се вели во истражувањето.

Иако истражувањата поврзани со озборувања на работното место не се нови, работата на Мун се надоврзува на претходните истражувања за тоа дека вработените што озборуваат може да доживеат социјални придобивки.

Мун претходно работеше на студија која се занимаваше со тоа зошто луѓето се впуштаат во озборувачко однесување на нивното работно место.

Некои од темите вклучувале:

- На работа понекогаш се жалам за компанијата кога раководството е отсутно.

- Ако сум лошо третиран од раководството, зборувам за тоа со колегите.

- Понекогаш ја фалам способноста на компанијата кога менаџментот е отсутен.

Мун вели дека истражувањето покажало дека озборувањата се сметаат за повредни кога луѓето позитивно зборуваат за нивното управување или организација.

Здравствените работници што учествувале во истражувањето изразиле поголем интерес за информации што би можеле да ги користат за подобрување или одржување на нивниот организациски статус.

Исто така, истражувањето покажа дека не постои врска помеѓу негативното озборување и силата на принуда на работното место, за што Мун рече дека се покажало спротивно на она што го очекувале истражувачите.

- Очекувавме дека ако учествувате во негативно озборување, можеби сакате да изгледате моќно или контролирачки, но не успеавме да најдеме никакви резултати што би ја поддржале оваа теорија. Но, откривме дека луѓето не го сакаат тој тип озборување како информација. Така што, ако размислувате за негативни озборувања на работното место, заштедете си време бидејќи нема никакво позитивно влијание врз вас - вели Мун.

Еден од најкорисните аспекти на истражувањето, како што вели Мун, беше тоа дека учеството во позитивно озборување меѓу колегите може да ги намали шансите за вработените да си заминат од компанијата.

Извор: Science Daily
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука