X
 13.01.2016 Култура

Прекрасниот парк на светулки во Кина

Сигурно кога сте биле дете сте си играле со светулките во топлите летни вечери. Тогаш дефинитивно, овој парк е идеално место кое може да ве однесе назад во детството и на момент да ви ги врати сите тие убави спомени.

 

парк


Тематскиот парк кој се наоѓа во Вухан, во централната кинеска провинција Хубеи, е дом на околу 10.000 светулки кои секоја вечер го осветлуваат целиот парк. Светулките во паркот се поделени во пет посебни зони - зона на летање, зона на набљудување, зона на набљудување од близина (без контакт), зона за одгледување и зона за научно истражување. Секоја зона е наменета за различни категории на посетители, туристи и истражувачи.

 

3

4


Се чини дека Кинезите доста ги сакаат светулките, имајќи во предвид дека за овој тематски парк картите секогаш се распродадени. И самото одгледување на светулки е доста скапо, меѓутоа цената од 1.61 долар за билетот воопшто не претставува проблем за оние кои сакаат да ги видат светулките. Иако овие инсекти некогаш биле составен дел од летните ноќи во повеќето кинески провинции, нивниот број во изминативе години рапидно се намалил, воглавно поради големата загаденост и уништувањето на нивните природни живеалишта.

 

5

6


Бидејќи светулките се сезонски инсекти, паркот се отвора на 30 мај и работи се` до октомври. После големиот успех кој го имаше после првата година работа, паркот на светулките во Вухан стана годишен настан кој ќе биде отворен за посетителите и секоја наредна година. Исто така, паркот нуди и изложба на диносауруси, можност за кампување, семејни прошетки и доста детски активности.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура