X
 21.01.2016 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла и појава на мраз поради ниските утрински температури кои ќе се движат од -14 до -3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и западен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од -2 до 7 степени.

Во Скопје во четврток студено утро со утринска температура од -10 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончпево. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура до 3 степени.

Во Македонија во петок и сабота ќе продолжи периодот на стабилно и студено време со температури кои се пониски од просечните за овој период од годината, особено минималните. Во петок максималните температури од -4 до 5 степени, а во сабота од -3 до 6 степени. Во недела и понеделник се очекува зголемување на облачноста, а се очекува да се создадат и услови за сосема слаби локални врнежи од дожд и снег. Максималните температури ќе се движат од -1 до 8 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот