X
 05.06.2017 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 5 јуни 2017 година, 156-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:55, а ќе зајде во 20:07 часот. Денот ќе трае 15 часа и 12 минути.

Во утринските часови во поголем дел од Македонија имаме претежно сончево и топло време. Во северозападните, западните како и во североисточните предели имаме појава на облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне развој на нестабилност која што во западните, северозападните, североисточните и сточните предели ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици. Во централните предели долж повардарието како и во југоисточните предели ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време во текот на целиот ден. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и источен ветер. Утринските температури од 9 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и развој на нестабилност која што во доцините попладневни часови ќе донесе слаби врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна температура до 30 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во наредните денови се очекува стабилизација на времето. Во вторник и среда претежно сончево со локална облачност и топло време. Температурите идентични, минималните од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни од 24 до 35 степени. Во четврток и петок сончево и топло време. Во четврток утринските од 9 до 18 степени, а дневните од 22 до 33 степени, додека пак во петок утринските од 8 до 17 степени, додека пак дневните од 24 до 35 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот