X
 26.01.2016 Образование

Резултати од екстерното ќе има на 8 февруари

Прелиминарни резултати од екстерното тестирање, матурантите ќе имаат на 8 февруари, а незадоволните ученици приговори ќе можат да поднесуваат до 10 февруари.



Денеска на вториот ден од полагањето тестови, како што информираат во Министерството за образование и наука полагањето започнало на време, во 9:30 часот и се одвивало непречено. Во процесот учествуваат 7.387 ученици од завршните години во средното образование.

Инаку, оваа фаза од процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе опфати вкупно 19.931 ученици од завршните години во средното образование кои ќе бидат тестирани по 1.662 предмети, за кои беа генерирани и јавно достапни 85.000 прашања.

Во текот на вчерашниот ден падна системот и полагањето доцнеше речиси два часа, но по отстранување на проблемот тестирањето се одржа.
Подготвил: Антонија Поповска-Христов

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование