X
 27.01.2016 Технологија

Фрижидер кој работи без електрична енергија

Еден од апаратите кои трошат најмногу електрична енергија е фрижидерот. Со оглед на тоа што околу една третина од населението сè уште нема пристап до електрична енергија, за нив е тешко да чуваат храна без да се расипе во топли и суви земји како Африка.

 

фрижидер


Меѓутоа со користење на законите на термодинамика и малку креаитвност, „MittiCool“ дизајнира фрижидер кој работи без електрична енергија и ја чува храната студена дури и во жешки и суви области.

Овој еколошки фрижидер е направен врз основа на суперпозиција на два глинени садови со влажен песок меѓу нив кој е кондензиран од топлата, сува клима, ладејќи ја внатрешната шуплина заштитена со капак. Иако ова е едноставен изум, интересен е начинот на кој функционира. Сувиот воздух и вода се единственото нешто што е потребно за да работи.

Фрижидерот може да ги држи овошјето и зеленчукот свежи во период од до три дена и може да помогне во зачувувањето на зготвената храна која е добра за јадење и по неколку дена. Овој фрижидер е направен од специфична комбинација на четири различни видови на глина, чиишто својства гарантираат внатрешна температура од 8°C. Очигледно, овој уред не работи насекаде исто со оглед на тоа што кондензацијата работи само во топла и сува клима.

Овој фрижидер од глина кој работи без електрична енергија е особено погоден за чување на лесно расиплива храна во земјите во развој кои имаат проблем со пристап до електрична енергија, во голема мера ќе го подобри квалитетот на нивниот живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија